Ги нарекуваат гломазни и грди, но тие и понатаму се продаваат подобро отколку било кога.
Колку и многумина да беа скептични, сега веќе девојките навикнуваат на нив, особено откако истите ги освоија социјалните мрежи.
Колку на прв поглед и да не ви се допаѓаат, овие патики можат да се комбинираат во било која модна комбинација, а покрај тоа се неверојатно удобни.
Ако сеуште ве немаат освоено, можеби ќе се предомислите кога ќе видите дека речиси сите познати трендсетерки ги воведоа во нивното секојдневие.