Боречкиот клуб “7-ми Maj – Златна рака” од Прилеп, денеска зеде учество на Меѓународен турнир во Призрен, Косово, каде одново девојките постигнаа одлични резултати.
Тамара Цветкоска го освои второто место, откако во финалето загуби од домашната натпреварувача во категорија до 63кг.
Ангела Трајкоска заврши како третопласирана во категорија до 50кг, и тоа против натпреварувачки кои беа и до 7кг потешки од неа.
Елена Дејкоска беше петтопласирана во категорија до 50кг.
Честитки до девојките кои полека но сигурно прераснуваат во вистински спортски амбасадори, не само на Прилеп, туку и на цела Македонија.