НОВ МАКЕДОНСКИ ХЕРОЈ! Васил од Мала Преспа кој боледува од церебрална парализа со трицикл успеа да извози 30км стаза (ФОТО)

Васил Јанкула, младо момче од Мала Преспа, успеа да ја совлада 30 километарската стаза на Охридскиот меѓународен атлетски маратон – објави весникот “Илинден”.

Ова храбро момче боледува од детска церебрална парализа, но и покрај големите здравствени проблеми кои ги предизвикува болеста, Васил успеа со својот трицикл да помине 30 километри.

Васил беше еден од учесниците на 32 издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон кој се одржа по повод 8 Септември, Денот на независноста на државата.

Со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да извози доста тешка стаза полна со забрзувања и угорници.

Огромната желба и ентузијазам на овој млад човек, беа посилни од болеста.

Васил е новото спортско чудо во Македонија за краток период, откако малиот Марко Пејчиновски го преплива Охридското езеро.

ФОТО/ Фејсбук: Никола Пиксон Кузмановски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.