Нов закон! Аргатите на нива, келнерите, негувателите на деца и стари лица кои работат привремено, ќе треба да бидат пријавени – Ќе имаат платени придонеси!

И на сезонските работници ќе им тече стаж. Аргатите на нива, келнерите, негувателите на деца и стари лица кои работат привремено ќе имаат платени придонеси. Ова го предвидува новиот закон кој влезе во собраниска процедура.

Ќе можат да работат сите, невработените, вработените, студентите, пензионерите. Притоа, невработените и натаму ќе водат како невработени, студентите ќе можат да си ги користат стипендиите, а пензионерите ќе имаат редовна исплата на пензиите.

Ангажираните ќе бидат платени за одработен час, а износот не смее да биде помал од часот кој се пресметува врз основа на минималната плата.

Работодавачите, освен придонеси за пензиско и инвалидско, ќе плаќаат и данок на личен доход, како и трошоци во случај на повреда. Ќе можат да ангажираат сезонски работници најмногу до 120 дена во текот на една календарска година.

Контрола на наплатата на данокот и придонесите ќе врши УЈП, а инспекција ќе прави Трудовиот инспекторат.

Казните за непочитување на законот се и до 3 илјади евра.

Извор: sitel.com.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.