Откако осамна информацијата за промена на директорското место во ЈКП “Комуналец” Прилеп, нов вршител на должност доби и јавната општинска установа детски градинки “Наша иднина”.
На местото на досегашниот вршител на должност Орде Тодороски, кој беше сменет пред Нова Година, именувана е Бети Спиркоска која доаѓа од позицијата раководител на градинката во населбата „Аличаир“.
Оваа институција во текот на изминатата 2018 година ја следеа низа скандали за кои објавуваа медиумите, а најголем потрес предизвика скандалот со “партиските списоци за сместување на деца”.
Скандали се случуваа и со огласите за вработување.
И во овој случај, како и во случајот со промената во ЈКП “Koмуналец”, недостасува објаснување од општина Прилеп зошто е сменет досегашниот директор Орде Тодороски.