Нова модерна летна тераса деновиве никна во Старата прилепска чаршија.
Новото кафуле се наоѓа во објект во сопственост на прилепското Здружение на пензионери, од каде веројатно е издаден на користење на приватно лице?
За сега не е познато името на новиот локал кој ќе ја збогати чаршијата, но едно е сигурно, истиот ќе биде конкуренција на еден од најпознатите локали во градот, “Taбу”, кој се наоѓа на оддалеченост од десетина метри.
(Табу/Фото/Фејсбук)
Според активностите, прилепчани за скоро време ќе добијат уште едно место за излегување и поминување на дел од своето слободно време.