Нов божиќен подарок за саканото лице: Коктел од солзи

koktel-od-solzi

Британската компанија „Бомбас енд Пар“ дојде на оригинална идеја за „најличен божиќен и новогодишен подарок“ за саканите личности.

Оваа компанија со седиште во Лондон на 15 декември ќе оддржи работилница на која учесници ќе плачат и од своите солзи ќе прават коктели.

За полесно плачење ќе добиваат специјални масажи и цело време ќе слушаат сериозна музика. Како последно средство, на учесниците на работлницата располагање ќе биде ставен и ментол.

Иницијаторите на оваа необична манифестација тврдат дека постојат три видови солзи: базични, рефлексни и психички.

Еднаш собрани, солзите ќе бидат пастеризирани и измешани со алкохол и екстракт од ароматични билки.

Учесниците по излегување од работилницата ќе добијат две шишиња со „драгоцената“ течност и три рецепти за коктели.

Цената на овој кус курс за правење коктел од солзи, за кој веќе нема слободни места, е 25 фунти (34 евра).

Имајќи го предвид огромниот интерес за работилницата, „Бомпас анд Пар“ најави дека наскоро ќе оддржи уште неколку курсеви.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.