Победа ремизираше со “гипсарите” од Тетово. Во деветтото коло од првата фудбалска лига, победашите забележаа нов бод на контото, што ги прави непоразени во претходните 5 кола.
Сега прилепската екипа се наоѓа на 8-то место на табелата, но на само 4 бода од третопласираниот Работнички.
Автоголот на Муслиу во 29-та минута и погодокот на Абдула во 46-та, го одбележаа попладневниот меч во Тетово.
Наредното коло Победа гостува во Битола, каде ќе се одигра второто пелагониско дерби во сезоната.