Нов асфалт од “Солидност” до “Чумовчанец” – Започна реконструкција на дел од ул. “Александар Македонски” (ФОТО)

Денес стартува реконструкцијата на дел од улицата “Александар Македонски”, на потегот од кружниот тек кај “Солидност” до раскрсницата кај “Чумовчанец”, во должина од околу 1 километар – информираше на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Апелираме до сите граѓани и возачи да бидат внимателни и трпеливи, со оглед на тековните градежни активности. Ве молиме да ја почитувате поставената сигнализација и упатствата од надлежните служби. Заедно создадаваме подобри и побезбедни улици за сите – стои во објавата на Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.