Роџер Пенроуз, Рајнхарад Генцел и Андреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година, за откривање на еден од најинтересните феномени на вселената – “црните дупки”, соопшти денес во Стокхолм, Кралската академија на Шведска.
Првата половина на наградата беше доделена на Роџер Пенроуз (89) од Велика Британија кој пронашол математички методи да ја истражи општата теорија на релативитет од Алберт Ајнштајн. Тој докажа дека таа теорија го наговестува формирањето на “црните дупки”- “чудовишта во времето и просторот”, се наведува во соопштението.
Другата половина оди кај Германецот, Рајнхард Генцел (68) и Американката, Андреа Гез (55) кои открија “супермасивен компактен предмет во центарот на нашата галаксија”, изјави генералниот секретар на Академијата, Јоран Хансон.