Ништо од набавката на половни возила во Водовод – “Наместо едно ново, сакавме за иста цена да купиме повеќе половни возила” (ВИДЕО)

Jавното комунално претпријатие Водовод и канализација Прилеп неодамна објави тендер за набавка на ДВЕ ТОВАРНИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА.

Во условите пишуваше дека на тендерот можат да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица, а потребно е понудените возила да не бидат постари од 13 години.

Исто така, од Водовод бараа заедно со возилата да биде испорачана соодветна опрема, како резервно тркало, дигалка, резервни сијалички…

Потенцирано беше и тоа возилата да не бидат ХАВАРИСАНИ и да немаат КОРОЗИЈА.

Меѓутоа јавната набавка за овие возила била поништена, а за тоа информираше директорот на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп, Игор Гулабоски, на вчерашната седница на Советот на општина Прилеп, која беше наменета за советнички прашања.

Според Гулабоски имало понуди од две фирми, а целта била наместо претпријатието да купува едно ново возило, за исти пари да добијат повеќе возила, но понудените цени не одговарале.

Неговиот одговор за ова прашање од советниците можете да го проследите од 59.минута во видеото во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.