“Ништо за пониските пензии, поскапата вода и леб на средбата од Градоначалникот со женските здруженија?”

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, во текот на вчерашниот ден оствари средба со претставници на здруженијата од Прилеп, кои работат на подобрување на статусот на жената во општеството. Средбата се одржа во рамки на кампањата “16 дена активизам за борба против насилството врз жените”.

На средбата Јованоски само им рекол на жените дека ќе ги поддржува во нивната работа, а притоа изостанале конкретни чекори и активности кои општината би ги презела во насока на намалување на бројот на вакви појави во општеството.

Иако се очекува одговор од сите, а особено од пензионерите, Јованоски на средбата не кажал ништо за значителното поскапување на сметките за вода кое следува од 01.01.2019 година, ниту за пониските пензии и поскапувањето на лебот за 3 денари.

Пензионерите се тие кои ќе бидат најпогодени од оваа низа на нови поскапувања, а нивниот семеен буџет дополнително оптоварен.

Општинските власти остнаа неми на предлогот за субвенционирање на дел од сметките за вода, кој неодамна го даде опозициската ВМРО-ДПМНЕ, па од 1-ви јануари 2019 година, прилепчани ќе плаќаат по 17,35 денари плус за секој метар кубен потрошен вода.

ФОТО: www.prilep.gov.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.