Ниту Миле Талески, ниту Сугарески, ниту Кузмановиќ не го демантираа сомнежот за кpиминал на нивниот гpaдоначалник (Видео)

И самата партија и раководството на СДСМ се свесни дека имало сериозни криминалии помеѓу нивните градоначалници и нивните функционери. Свесни биле и тогаш кога градоначалниците правеле криминал и имале аминување од нивна страна за криминалот, но најинтересно во моментов е што гледаме дека нема никаква реакција од СДСМ за сите наши тврдења и докази коишто ги изнесуваме во јавност за криминалот кој што го правеле нивните градоначалници, туку напротив или ги оставаат сами да се бранат или воопшто не ни ги бранат. Ниту збор не кажаа да демантираат, ги пуштија низ вода нивните кадри кои правеа криминал за нив и сега воопшто не им е гајле за нивните поранешни градоначалници, истакна на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Арсовски:

-Единствени кочничари и заштитници во моментов во овој случај на криминалот се јавното обвинителство и антикорупциската комисија, кои не мрдаат со прст и спијат, а сепак се под јурисдикција на СДСМ како партија на власт.

Имено, вчера обелоденивме дека Илија Јованоски градоначалникот на Прилеп наместо да прогласи за ништовно решение за градба во Прилеп, тој направил кривично дело и практично аминувал да се изгради на истото место дивоградба после промена на инвеститор. Да појаснам уште еднаш на кратко се работи за станбено деловна зграда, која што според одобрение од 2005 година требало да се отпочне со градба за 6 месеци, не се отпочнало и на сомнителен начин било одземено одобрението и незаконски е сменет инвеститорот. Практично, одреден инвеститор АДГ Градба, се заменува со друг одреден инвеститор ДИНО 99.

Оттука, новиот инвеститор кој што доаѓа си продолжува да гради новиот со амин на Илија Јовановски на истото кој што нормално неколку пати тековно го крши законот, а градежните инспектори од општината установиле кај новиот инвеститор со записник дека градбата е нелегална, односно надвор од проектот кој што е првично поднесен за таа станбено деловна зграда. Де факто, требало одобрението за градба да биде прогласено за ништовно од Илија Јовановски, но и покрај тоа, тој се обидел да помине како градоначалник измени на проект во градба, за да биде уште поголемо кривичното дело и прекршувањето на законот и фирмата да си продолжи да си гради.

Ова кривично дело на злоупотреба на службена должност е повеќе од евидентно.

Јасно е дека ваквите дејанија имаат некоја позадина, која што само тие си ја знаат, инвеститорот и градоначалникот и тие знаат зошто Илија Јовановски го дозволил или го направил ова. Практично, нелегално сега изградена зграда во Прилеп благодарение на Илија Јовановски кој што го прекршил законот. Но, сето ова и какви биле позадинските нивни игри и соработки треба да докаже јавното обвинителство кое што во моментов за жал спие по однос на овој предмет.

СДСМ повеќе од 5 години владее на принцип на криминал, корупција и работи единствено за свој личен интерес, а не за интерес на граѓаните.

Кадрите на СДСМ работат единствено по словото на криминалот и корупцијата и работат за нивниот личен интерес и личен џеб. Повторно ќе потенцирам, не за интересот на граѓаните.

Уште еднаш јавно упатуваме апел до Јавното обвинителство и антикорупциската, да не спијат, бидејќи со штитењето на криминалот тие се соучесници во истиот. Државата е поважна од СДСМ, бидејќи тие земаат плата од граѓаните, а не од СДСМ кои што покажаа и докажаа дека се криминална партија.

Уште еднаш сакам да апелирам до сите оние кои поседуваат било какви докази за криминал, од било каде, од било која институција слободно да ме контактираат, бидејќи не смее ниту едно кривично дело да остане неказнето, рече Арсовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.