Николоски: Штип има потенцијал да стане туристички центар во Истокот, бројни инфраструктурни проекти реализираме преку Владата

Штип има потенцијал да стане туристички центар во Истокот. Има бројни капитални проекти шти ги реализираме како Влада и со тоа даваме силна подршка за Штип и регионот, истакна денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски кој присуствуваше на отворањето на манифестацијата “Штипска пастрмајлијада”.

Изградба на брана на река Отиња, проекти во патната мрежа, канализациони и водоводни системи, урабнизација на брана Кежовица, се дел од проектите што се реализираат во Штип со подршка на централната власт.

“Навистина е чест да се биде денеска во Штип на отворањето на овој голем настан за кој што живее овој град и целиот регион. Сметам дека е добро да се организираат вакви настани со цел да се раздвижи локалната економија, ова значи многу посетители кои што овие денови ќе го посетат Штип. Ова значи влез на неколку милиони евра директно во локалната економија што е задвижување за целото стопанство и нешто што треба да биде подржано. Мислам дека градоначалникот прави одлична работа и сакам да му честитам за тоа што го прави досега и верувам дека и во следниот период ќе има уште поголеми успеси и поголеми работи. Посакувам убава дружба и убави моменти, не само за штипјани туку и сите што ќе ја посетат манифестацијата.

Во иста насока сакам да кажам дека продолжуваме да го подржуваме Штип. Бројни инфрастрктурни проекти се во реализација, во делот на патната мрежа, во делот на канализациски и водоводни мрежи, во делот на образованието. Работиме и големи проекти, интензивно се работи на браната Отиња како и на целосна урбанизација околу браната. Она што е Мавровското езеро на западниот дел на Македонија, браната Отиња треба ќе стане во Источна Македонија. Покрај универзитетски и бизнис центар, Штип да стане и туристички центар за овој дел на Македонија и во таа насока е и урбанизцијата околу браната Кежовица. Таму има голем туристички потенцијал, така што навистина имаме големи планови за Штип, дел се реализирани, дел се реализираат и секогаш доаѓам со задоволство, заедно со градоначалникот и со пратениците работиме на реализација на прoектите”– истакна Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.