Очекувам најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори и издвојување на уште поголема победа споредбено со изборите во 2021 година, истакна во гостувањето на “Само Интервју”, вицепремиерот Александар Николоски.
“Она што е важно и што со сигурност можам да го кажам е дека ќе имаме далеку подобар резултат од 2021, кога имавме одличен резултат, кога освоивме 42 општини. Сега очекувам бројката да е далеку повисока и не е нерално дека опозицијата ќе движи, зборувам за СДСМ, евентуално Левица, зависно дали ќе прават коалиција или не, затоа што има и таква опција, ќе движат помеѓу 0 и 3 градоначалници максимум”– истакна Николоски.
На прашање како е задоволен од реализираното во првата година од преземањето на власта, Николоски ги потенцираше трите големи ветувања дадени во предизборниот период пред граѓаните.
“Ние имавме три крупни изборни ветувања кои што ги реализиравме, првото е дека ДУИ ќе оди во опозиција и ДУИ е во опозиција. Второто ветување кое што го дадовме е дека нема да виткаме кичма пред Бугарија и не виткаме кичма пред Бугарија и третото ветување беше силен фокус на развој на економијата и првите резултати се гледаат. Имаме раст на БДП, индустриско производство, туризмот расте и очекувам уште подобри резултати во периодот кој што е пред нас”– рече заменик претседателот на Владата.