Mинистерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со директорот на ЈП „Државни Патишта“, Коце Трајановски, се во посета на Кавадарци, од каде најавија отпочнување на голема капитална инвестиција.
-Денес разговараме за еден голем капитален проект кој треба да го забрза развојот не само на Општина Кавадарци туку на целиот Тиквешки регион. Се работи за изградба на обиколница на градот Кавадарци и треба да помогне во подобрување на условите за бизнис, комуникацијата во растеретување на сообраќајот кој се случува во моментот низ самиот град а во перспектива да отвори и сериозни можности за развој – напиша Николоски на социјалните мрежи.