Николоски: „По две години одлагање и лаги, сега имаме одлична динамика во изградбата на новите автопати“

Динамиката на работа на новите автопатишта кои ги гради конзорциумот Бехтел и Енка се одвива според планираното, освен на автопатот од Требеништа до Ќафасан, каде работите се стопирани од УНЕСКО, истакна во вечерашното гостување во „Вести Плус” на Канал 5, потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Динамиката е согласно планираното, со едно одлагање од две години, од причина што тие две години од претходната Влада не беше изградено ништо. Ние кога дојдовме скоро и да немаше експропријација направено. Првото воведување во работа и на Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани и на Прилеп-Битола, беше во мандат на оваа Влада, но сега е динамиката добра и оди добро. Останува прашањето со Требеништа-Ќафасан, имајќи во предвид дека изградбата на овој автопат и официјално беше во извештајот на УНЕСКО за Охридскиот регион, иако Охридскиот регион што не е во опасност, ова остана дел од извештајот, истакна Николоски.

Тој потенцираше дека Владата рамислува за алтернативи со кои од една страна ќе се заштити животната средина, а од друга страна ќе се добие добра инфраструктурна поврзаност во овој дел од државата, што секако нема да биде во спротивност со препораките на УНЕСКО.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.