Николоски од прилепско: Криминалот отиде до врв – Македонија со СДС и ДУИ е единствена во светот каде не се градат автопати, а се плаќа за тоа што не е изградено

Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес е во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион во рамки на акцијата “Ова е Македонија за сите“. Во рамки на посетата, потпретседателот Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ почнува голема теренска активност во која ќе бидат опфатени голем број населени места во Македонија.

Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните пред се во селата, а секој вторник и секој четврток ќе одиме во урбаните средини. Следниот период ќе стигнеме до секој оној кој сака да не слушне, а и ние сакаме да ги слушнеме маките на граѓаните, она со кое што се соочуваат, а секаде да поразговараме во однос на штетните политики кои што владата ги води како и се поевидентниот и брутален криминал и корупција- истакна Николоски.

Тој истакна дека најголем дел од локалните проекти зависат од централната власт поради нецелосната децентрализација. Заради политичка кратковидост владата не соработува со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и ги блокираат и опструираат, но и покрај тоа се реализираат проекти.

Проектите на владата не ги гледаме. И да не помагаат на општините, ди работеа само проектите на владата, Македонија ќе беше многу поубаво место за живеење. Јас не можам да се сетам на ниеден проект кој што оваа влада го има реализирано. Автопати не се градат, само се плаќаат пари, Сега има нова фаза, до пред некое време само не се градеа автопати, не се градеше Охрид-КИчево, не се градеше експресниот пат од Градско кон Прилеп, а сега сме во нова фаза каде што со Договорот за коридорите 8 и 10д автопати не се градат, ама пари се плаќаат. Тоа е врв на криминалот. Само вчера министерството за транспорт и врски префрли на изведувачите кои се избрани околу 120 милиони евра, а 120 зрна песок не се ставени на било која делница. Ова е врвна фаза на криминал за која што секако ќе има одговорност после промената на власта – потенцираше Александар Николоски.

Николоски најави дека од документите кои што се добиени од свиркачи ќе продолжат да излегуваат делови во јавност. До сега се што излезе од овој договор не беше демантирано од страна на власта на ниеден начин, туку напротив се потврдува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.