Николоски најави голем народен митинг и силни теренски активности на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е во една внатрешна реорганизација, а по неа се планираат силни теренски активности.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за КУРИР, ги открива следните чекори на партијата.

-Вршиме избор на локални раководства односно на претседатели на општински комитети и на раководство на општинските комитети кои се основен двигател на нашата политичка партија, кои се душата на ВМРО-ДПМНЕ.Тој процес е во своја финална фаза. Потоа планираме силни теренски активности. Дел од нив е големиот народен митинг кој ќе се случи во Скопје, но исто така ќе имаме многу активности на терен, во голем број на населени места.На терен, меѓу граѓаните, сакаме да ја пренесеме нашата порака, да ги претставиме нашите концепти кои ги градиме како ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Да дадеме јасна критика на Владата и сериозно да го подготвиме членството и симпатизерите, но и да ги поканиме неопределените да ни се приклучат во една силна битка која што ја поведуваме против оваа Влада на Република Македонија која ја води државата во погрешна насока, истакна Николоски во интервју за КУРИР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.