Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера попладне е во работна посета во Брисел каде ја започна неколкуднвената политичка и економска агенда.
На својот фејсбук профил тој напиша:
“Во Брисел во организација на влијателната тинк тенк организација Friends of Europe дел од годинешниот настан кој е посветен на проширувањето на ЕУ. Плодни средби и одлични разговори во интерес на Македонија”, објави вицепремиерот Николоски.
























