Николоски: Mобилните оператори не направија ништо да ги намалат цените, затоа ќе има трет оператор

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, порача дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.

-Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените, рече Николоски, на новинарско прашање пред денешниот состанок со раководството на Стопанската комора.

Како што посочи, изборот на нов оператор е независна постапка на Агенцијата за електронски комуникации, а процедурата ќе продолжи по завршување на изборите.

– Драго ми е дека има интерес. Од прв ден кога бев избран на функцијата кажав дека на македонскиот пазар има дуопол помеѓу двата мобилини опеатори и тоа е факт кога ќе видите поделба на пазарот 51 и 49. Се е јасно, во однос на квалитетот и на цените мислам дека граѓаните доволно кажуваат, така што конкуренцијата е здрава и добра. Од АЕК кажаа дека имаат одредени ограничувања поврзи со изборите, но изборите ќе завршат за два месеца, процедурата ќе си продолжи. Согласно тендерските правила веќе на крајот на следната година треба да работи новиот оператор, што значи дека му се дава една година да се опреми, со базни станици, итн, и веќе во следната година ќе можеме да имаме мобилни телефони и со трет оператор во државата, изјави Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.