Николов откpива: Мypињо му се јави на Пандев и почна да плаче, се pacплакавме и ние” (Видео)

Македонските вљубеници во фудбалот, но и голем број светски фудбалски имиња емотивно го дочекаа заминувањето на легендарниот Горан Пандев во репрезентативна пензија.

Гранде Пандев доби честитки од сите страни, а еден од нив бил и поранешниот тренер на Македонецот од времето поминато во Интер, Жозе Мурињо.

Во емисијата „Лазаров“, интересна изјава имаше репрезентативецот Бобан Николов кој откри дека португласкиот стратег се расплакал при видео-повик со Горан Пандев.

„По дуелот со Холандија се упативме со автобусот во хотелот. Кога стигнавме, во тој момент Мурињо го побара на Горан преку видео-повик. По краток разговор Мурињо се расплака. Почнавме да плачеме и јас и Стефан Ристовски… Беше многу емотивно, кога една легенда како Мурињо се обраќа на тој начин…”, изјави Бобан Николов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.