Претходната недела во организација на музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“- Прилеп, се одржаа музички маратони од сите оддели каде што учениците имаа можност да ги презентираат своите знаења и владеења на инструментите.
Воедно учениците по пијано го прославија и светскиот ден на пијаното кој секоја година се одржува на 29 март, односно на 88 ден од годината, симболизирајќи го бројот на клавиши од пијаното.
Ученичката Дафина Момироска од класата на проф. Христина Никоска и учениците Филип Ѓорѓиоски и Гораст Ѓоргиоски од класата на проф. Денис Најдоски учествуваа во одбележувањето на денот на пијаното во Завод и Музеј – Битола на покана на проф. Јана Четелева Белеска и Марија Шамовска Буџакоски.