Ни следуваат врнежи од дожд и заладување: Детална временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи.

Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Во Прилеп температурата утре ќе се движи од 4 до 19 степени, а слично време ќе се задржи и во понеделник и вторник.

Намалување на температурите се очекува во среда, а нови врнежи во четврток кога одново дневните температури ќе бидат во благ пораст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.