Нејзините прегратки го освоија рускиот претседател: Оваа баба има посебно место во животот на Путин, а еве и зошто

Во Москва вчера беше обележен Денот над победата над фашизмот, а по тој повод беше одржан и свечен прием.
На денешниот прием, Рускиот претседател Владимир Путин ја привлече јавноста со една симпатична баба. Во прашање е неговата некогашна учителка Вера Гуревиќ. Инаку Вера беше негова учителка од петто до осмо одделение во училиштето 193 во Ленинград.

Отсек Германски јазик, Факултет за странски јазици на Ленинградскиот институт А.Н, Херцен ја заврши 1958 година, кога се вработила како наставник по германски јазик во средното училиште број 193 во Регионот на Ленинград.

Неговата учителка изјави дека нејзиниот ученик Владимир Путин уште како од дете зрачел со позитивна енергија.

На прашањето дали имал лоши оценки, учителката сега веќе во пензија, без двоумење одговори дека имал, бидејќи како мал бил многу немирен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.