Нешто невидено досега! Над 3.000 верници синоќа празнуваа Иванден во преубавиот манастир Св. Јован Крстител во Беранци (Фото/Видео)

Околу 3.000 верници и гости синоќа го посетија преубавиот манастир Св. Јован Крстител над село Беранци, битолско по повод празнувањето на големиот христијански празник – Иванден.

Нешто невидено, така посетителите ја опишаа сликата, гледајќи надолу кон огромната колона возила која се движеше кон манастирот. Речиси целото село и сите селски улици беа преполни со автомобили. Луѓе доаѓаа од сите пелагониски населени места и градови, а имаше зошто. После вечерната богослужба, за добро празнично расположение се погрижија оркестарот “Маестрал” и естрадниот пејач Благоја Грујовски.

Се пееја песни, се играа ора, една преубава слика која ќе остане во сеќавање на сите присутни.

Манастирот во Беранци е еден од најубавите во Пелагонија, а најпосетен е токму за Иванден.

За многу години и напомош, а до в година уште побројни!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.