Нечовечки услови во штипската болница – Ова го нема ниту на хорор филм (ФОТО)

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави фотографии од условите во болницата во Штип.

Во целост ви го пренесуваме нивниот статус:

НЕЗАВРШЕНИОТ НАЈВАЖЕН ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ВО ШТИП – СПОМЕНИК НА ВЛАСТА ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА И ПУСТОШОТ ВО ШТИПСКОТО ЗДРАВСТВО

Понижувачките и недостоинствени услови за третман на пациентите од Штип и околината, или целиот Источен регион не ги реши ниту денешното „сликање” на Меџити во оваа Клиничка болница-Штип

Министерот кој секој ден се слика, без суштинско решавање на основните проблеми иако самиот изјави дека не би се лекувал во оваа болница сепак и после речиси една година од мандатот, не ги подобри условите за третман на пациентите

Штипјани многу добро ги паметат лажните ветувања дека новата клиничка болница во Штип ќе заврши некаде во септември 2019, а актуелниот министер Фатмир Меџити се расфрлаше со нови рокови или вели ќе биде во 2026.

Повторно прашуваме:

Зошто не е реализиран клучниот проект нова клиничка болница во Штип

Зошто со својата неспособност и негрижа за пациентите и дипломираните млади доктори се соочуваме со егзодус на докторите и специјалистите во Клиничка болница Штип

Зошто со месеци не беше во функција мамоматот кој е клучен за дијагностика

Магнетната резонанца не работеше повеќе од 7 месеци минатата година

Компјутерската томографија не работеше исто така со месеци, како и рентген апаратите

Нема одговор до каде е регионалниот центар за дијабетско стапало, па пациентите се изложени на дополнително препраќање и трошоци до Скопје и Кочани.

На ортопедија во Штип нема асистенти за операциите, па пациентите се препраќаат за скршениците во Скопје. За протези за колена, повторно пациентите се препраќаат во Скопје или Охрид

Несоодветната грижа за специјалистичкиот кадар и во оваа здравствена установа е јасна, а штетата од овие лоши политики се одразуваат на здравствениот систем на долг рок




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.