Синоќа бил ограбен станот на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дознава „Нетпрес“.
Грабежот се случил во периодот од 20.45 до 22 часот, а од домот на Манчевски биле одземени предменти во поголема вредност.
Според неофицијални информации, на местото на настанот излегле повеќе началници, по наредба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Извори од полицијата посочуваат дека извршители на ова кривично дело биле некои повратници, амнестирани со Законот за амнестија што го изгласа Собранието на почетокот на годинава.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија кражбата.
-Пријавено е дека во стан на булевар „11 Октомври“ во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата, но до сега нема пријавено дека нешто е одземено“, посочија од МВР.
Со Законот за амнестија се ослободија од издржување на затворска казна осудени лица на кои им е изречена казна до шест месеци. А, оние што добиле над шест месеци, се ослободија од издржување на 30 отсто од целокупната казна.
Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело Убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.
Извор: netpress.com.mk