Несторовски, Михајловски, Жежовски, Петрески, Сабриоски… познати прилепчани кои своевремено седеле во истите клупи (ВИДЕО)

Основното училиште “Добре Јованоски” од Прилеп важи за едно од ретките училишта каде се почитуваат различностите и учениците од различна етничка заедница функционираат како едно.

Можеби таквата кохезија и другарство, е и главната причина зошто училиштето низ годините било вистински расадник на идни познати и славни прилепчани.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, уредникот на Канал 5 телевизија Гоце Михајловски, ТВ презентерот Александар Петрески, новинарот Сунаи Сабриоски и најпознатиот инфектолог во Прилеп, Д-р Жежоски, сите тие имаат нешто заедничко во нивните животи, а тоа се истите училишни клупи каде седеле своевремено.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.