Шпанскиот репрезентативец Иско и фудбалер на Реал Мадрид се наоѓа во немилост на тренерот Сантијаго Солари и то би можело да донесе до голема борба на пазарот.
Иско падна во втор план, многу ретко добива шанса, па клубовите веќе стојат во ред за негов потпис. Прво се споменуваше Манчестер Сити, затоа што Пеп Гвардиола во него гледа идеален наследник на Давид Силва, кој нема да може уште долго да игра на врвно ниво.
После тоа и Јувентус покажа огромен интерес, а сега во трката се вклучи и еден од најголемите ривали на “старата дама”, екипата на Интер.
Новиот директор Бепе Марота сосема сигурно има голема желба да се докаже и на “Џузепе Меаца” како мајстор на својот занает, а тоа подразбира да донесе некое светско име. Иско е секако на самиот врв, иако сега не е во прв план во Реал.
Рака на срце, тешко дека Интер ќе успее да го убеди покрај понудата од Сити и Јувентус, но можеби токму Марота ќе извлече некој адут од својот ракав.