Несекојдневен настан се случил вечерва во Прилеп
Екипи на противожарната бригада и брзата помош интервенирале кај мостот на улица “Димо Наредникот”.
Имено како што неофицијално дознаваме од очевидци, жена се породила под мостот, а пожарникарите и лекарите најпрво го извлекле бебето, а потоа и жената, па настанот завршил со среќен крај.
Не се познати причините како и зошто дошло до овој настан и поради што неименуваното женско лице се одлучило на ваков чекор.