Колку само штета направила претходната гарнитура на локалната власт, говори податокот од Секторот финансии, според кој неофицијално досега сумираните бројки на долгови се околу пет милиони евра?
На што се должи ова расипничко трошење треба да се објасни добро во јавноста, за прилепчани да знаат кој што правел со нивните пари.
Ова е огромна цифра за релативно развиеана општина, но нестрпливи се сите да знаат дали превработеноста, сомнителните набавки на автобусите, изградбата на најскапото светско мовче или булеварот без технички прием, се причина за оваа “хаварија” со градските финансии.
И конечно, се очекува отчет за трошењето и ревизија на сите активности на преходната локална самоуправа, и на се’ уште несменетите директори на јавните претпријатија.