Погледнете ја трансформацијата на нашиот пациент Миле Тренчевски (39 год.) од Прилеп. Тој за еден месец изгуби над 35 килограми, благодарение на комбинираниот медицински пристап, диететски режим и третирање на животозагрозувачката состојба настаната како резултат на прекумерна телесна тежина од 170 килограми и телесен масен индекс од 55 – напишаа во сторијата од клиниката за нашиот сограѓанин кој благодарение на Д-р Жан Митрев се уште е жив.
-Да направиме промена на перспективите: Да зборуваме за дебелината. Да ги исправиме заблудите, да ја признаеме нејзината сложеност и да преземеме ефективни активности. Дебелината во светски рамки е во пораст и прогнозите велат дека до 2035 година: 1.9 милијарди луѓе ширум светот ќе го имаат овој проблем, секој четврти човек ќе биде обезен, дебелината кај децата ќе порасне за 100% – напишаа од клиниката на ФБ.
Емотивната сторија за нашиот сограѓанин погледнете ја во продолжение: