Немо момче од Струмица, проговорило пред икона на Света Гора

Според страницата „Aγιορειτικες μνημες“ („Светогорски сеќавања“), чудото се случило на почетокот од овој месец во свештениот манастир Дохијар на Света Гора. Чудото го објавил еден монах кој присуствувал на настанот, а за него говорел и на едно предавање во Солун. Имено, во манастирот Дохијар се наоѓа чудотворната икона на Мајката Божја наречена Горгоепикоос (Брзопослушница).

 

ikona-640x480

Секој ден, преподобниот старец Григориј заедно со братството го чита Молебниот канон кон Пресвета Богородица токму пред оваа икона, и притоа се читаат стотици имиња на живи и упокоени христијани, со цел Мајката Божја да ги услиши што поскоро молитвите на верните. Чудотворната икона на Пресвета Богородица Според објавеното сведоштво, во манастирот, покрај братството, на поклонение било дојдено и 18-годишно момче од Струмица кое било немо. Тоа било дојдено со некој роднина од Солун, кој му раскажувал за манастирот и за чудотворната икона на Мајката Божја.

Штом пристигнале во манастирот, и застанале пред чудотворната икона, момчето, кое никогаш во животот немало изговорено ниту еден збор, започнало нејасно да зборува на македонски јазик: „Мајко Пресвета, подари ми здравје!“ Во тој момент, сите запознаени со случајот на младичот биле изненадени. Молебенот продолжил, и веднаш штом молитвата завршила, момчето се обратило кон сите присутни, кои заедно со него се молеле: „Ви благодарам, веќе се чувствувам многу добро.

-Ова е уште еден чудесен доказ за љубовта и силата на застапништвото на Пресвета Богородица, но и моќта на чудотворната икона која како утеха ни е дадена во овој свет. Му благодариме на Бога за сѐ што прави за нас, и за Пресветата Богродица што ни ја дарува, која не нѐ заборава кога ние неа ја забораваме.

Извор: pravoslavie.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.