Немаше автомобил во Прилеп што не беше на протест: Градот преплавен од автомобили по улиците (Фото/Видео)

На повик на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Прилеп се одржа голем протест со автомобили под мотото “Оставка за Заев, слобода за народот”.

Граѓаните во огромен број го изразија револтот за изјавите на премиерот Зоран Заев, во интервјуто за бугарската телевизија БГНЕС, каде тој вели дека Бугарите биле администрација за време на Втората светска вojна, а потоа и дека учествувале во ослободувањето заедно со партизаните на Куманово и Крива Паланка.

Прилепчани со пароли и знамиња се спротивставуваат на ваквата политика и порачаа: “Не простувајте им, знаат што прават”.

Прилеп го носи називот град херој, па речиси и да нема семејство кое не дало жpтва, или немало учесник во Народноослободителната борба.

Токму затоа револтот на ваквите изјави на премиерот и луѓето од власта тука е најголем.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа сите истомисленици кои се противат на урнисувањето на идеалите и делото на борците од НОБ, да им се приклучат во борбата. Од партијата велат дека не е време за партиски препукувања и поделби, тука сега е време за обединување со цел оваа ненародна власт да падне.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.