Македонската машка ракометна репрезентација вечерва против Литванија го игра решавачкиот меч за пласман на Европското ракометно првенство.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во мечот чиј почеток е закажан за 18 часот мора да ги освојат двата бода и со победа од два гола разлика сигурно ќе го освојат второто место во групата што значи и ново учество на континенталните шампионати.
Македонија е апсолутен фаворит во овој дуел, но нашите ракометари тоа треба да го докажат и на теренот. Сепак и покрај сите проблеми околу составувањето на тимот,
Лазаров со своите избраници со поддршка од трибините треба да стигне до посакуваната победа и потврда на уште едно учество на големите натпреварувања.
Натпреварот почнува во 18 часот и се игра во салата на СЦ Јане Сандански.