Маркукуле дознава дека омилените места на Македонците за купување евтини цигари, популарните “фри-шопови” на граничните премини со Грција, нема во својата понуда воопшто да нудат цигари.
Новината ќе стартува од 1. јануари 2026 година, иако засега се’ уште нема официјална потврда.
Инаку, цената на цигарите во Македонија во изминатите години енормно порасна. Ако пред десетина година кутија цигари, во зависност од брендот, чинеше од 50 до 100 денари, сега цените се движат од 100 до 250 денари, додека на популарните “фри шопови”, граѓаните купуваат по цени и двојно пониски.
Дали оваа новина целосно ќе ги обесхрабри голем број од пушачите, и ќе ги натера да престанат да пушат? Останува да видиме…
























