Eлена Димоска од Прилеп е млад уметник и професор по ликовна уметност, која и оваа година ја разубавува прилепската Стара чаршија.
Во овие тешки денови за сите, нејзините зимски и новогодишни пејсажи се повеќе од добредојдени.
На барање на дел од сопствениците од кафулињата и рестораните, Елена прави мали уметнички чуда, кои во услови кога изостануваат предновогодишните празнувања и веселби, ќе ви направат да се чувствувате одлично, барем додека шетате низ чаршијата, или додека пиете кафе.
Нејзината умешност беше вистинско освежување уште минатата година, а оваа година побарувачка има и од соседно Крушево.
Идејата вели дошла поради тоа што и порано се занимавала со цртање на мурали на ѕидови и стакла, па откако украсила еден од локалите, заинтересираноста растела.
Бидејќи остануваат уште две недели до Новата година, секој заинтересиран може да ја контактира на нејзината е-меил адреса: [email protected]