Арен Венгер се мачи да го продолжи договорот на Алексис Санчез кој е многу важен играч во тимот, но доколку се случи чилеанецот да си замине, топџиите со сите сили ќе “нападнат” за да го доведат Марко Ројс. Ројс е одамна на листата на желби, а моментално е на првото место. Санчез преговара за нов договор и бара 200.000 фунти неделна плата и за сега не е јасно дали ќе остане во тимот.
Проблем прави и понудата од Кина, односно кинезите му понудиле на Санчез 400.000 фунти неделно, а овие пари се недостижн дури и за Арсенал.