НЕМА ДА ОСТАВИМЕ ДЕЦАТА ДА НИ ГИНАТ ЗА ЕУ: Австрија одби формирање војска на Европската Унија !

Австрија нема да учествува во формирањето на заедничката војска на ЕУ, соопшти министерството за одбрана на оваа држава.

Како што пишува “Куриер”, идеата за европска војска е во спротивност со австрискиот устав.

“Ние не можеме да се одлучиме за овој план – Австрија ја чува својата нутралност”, соопшти министерот Марио Кунашек, наведува неговата прес служба.

Властите во Австрија во 1955 година го променија Уставот и се обврзаа дека ќе ја штитат својата неутралност со сите средства и дека нема да влегуваат во воени сојузи.

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи создавање на “паневропска војска”, која би била независна во однос на САД, вклучувајќи и сектор за сајбер безбедност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.