Британското кралско семејство има многу извори на приходи, а кралицата Елизабета Втора е “тешка” 360 милиони фунти.
Most people make money from their day jobs. British royals are not most people. How does the royal family make its money? https://t.co/5jWoLNifhu pic.twitter.com/qAnu8ZPr4A
— CNNMoney (@CNNMoney) May 9, 2018
Елизабета Втора и нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, најмногу заработуваат од своите имоти и парите кои ги добиваат од парламентот.
Милиони се слеваат и во џебовите на остатокот од семејството.
Трите главни извори на кралското богатство е апанажата, личните имоти и инвестициите.
Кралскта апанажа е годишен приход од владата, кој де-факто ги покрива трошоците на патувањата, промоцијата, осигурувањето, вработените и одржувањето на кралските палати и имоти.
За фискалната 2016-17 година, кралицата добила апанажа од 42.8 милиони фунти, ослободени од данок. За 2017-18 година би требало да добие околу 76.1 милиони фунти, како би се реновирала и Бакингемската палата.
Кралската апанажа се издвојува од приходите на имотите и фармите, кои годишно заработуваат милиони фунти данок.