Кратко време на најпознатата енциклопедија “Википедија”, за капитенот на македонскта фудбалска репрезентација, Горан Пандев, стоеја бројки од кои боли глава.
Па така нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, постигнал 590 погодоци на 47 натпревари за Интер, или 480 на 159 натпревари за Лацио. А најмногу според овие бројки постигнал за Наполи (што става сомнеж дека се работи за фан на клубот од Неапол кој ги менувал бројките).
За еден час овие бројки беа регулирани, но иако бројките на популарниот “Гранде Мачедоне“ не се така астрономски, сепак се за огромен респект, и ретко кој може да ги постигне.
Тоа го видовме и вчера, кога на неговиот последен натпревар за фудбалската репрезентација на Македонија, доби аплаузи од целиот ѕвезден тим на Холандија, како и од голем број други познати фудбалски имиња на социјалните мрежи.
Така Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед, споделувајќи го шпалирот за Пандев од вчерашниот натпревар против Холандија, напиша: “Никогаш нема да биде само игра”.
It’ll never be just a game ??⚽️ https://t.co/sLycOJBsUo
— Bruno Fernandes (@B_Fernandes8) June 22, 2021