Неколку интересни податоци за Баба Ванѓа

Баба Ванѓа ја предвиде чернобилската катастрофа и терористичкиот напад врз Америка.

aba-vanga-640x480

Така таа го предвиде издигнувањето на Исламската држава и цунамито во 2004 година. На луѓето им е непознато каква е оваа жена и каков живот водела. Нејзиното вистинско име е Вангелија Пандева Гуштерова, родена во Македонија. Се смета за еден од најголемите пророци во новата историја на Балканот.

Кога имала 12 години, Ванѓа ја напуштила родната Струмица и започнала живот во Бугарија. Една година подоцна била тешко повредена во олуја, по што и ослабнал видот, кој до 16 роденден целосно го изгубила.

Несреќата е почетокот на нејзините пророчки способности и визиите. До полнолетството живеела во санаториум во близина на Белград, а во 1940 останала без татко и фамилијата паднала во тешки финансиски проблеми.

Тогаш открила дека има способност да комуницира со светци, и во 1941 година за прв пат излегува во јавноста говорејќи дека следуваат многу страшни нешта. Тоа навистина се случило, германскиот Вермахт (вооружените сили на нацистичка Германија) на 6 април ја нападнале Југославија.

Луѓето се повеќе доаѓале да ја прашуваат за совет или услуга, кај која доаѓале голем број на политичари и јавни личности. Почина на 11 август 1996 година во Софија, а закопана е во својата црква што се изгради пред да умре. Во близина на нејзината куќа во Петрич е изграден Музеј на Баба Ванѓа во 2008 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.