Рускиот одбрамбен систем S-500 ќе ги надиме сите до сега познати ракетни штитови, вклучително и рускиот S-400 и американскиот Patriot advanced kapabiliti 3 и сосема ќе го затвори небото на одалеченост до 600 километри. Овој противвоздушен ракетен систем со голем домет ќе може да пресретне не само аеродинамитни цели, како што се авиони и хеликоптери, туку и балистички и крстаречки проектили.
Руските воени извори наведуваат дека S-500, кој е во фаза на довршување, во наредните две години ќе добија нови нечујни радио станици.
Радио станиците на претходните ракетни системи работеја на порано одредени фрекфенции со што се зголемувала веројатноста од следење и пресретнување на информациите, додека кај новите системи такви ситуации нема да бидат возможни.
Системот целосно ќе го надмини моментално најнапредниот комплекс “S-400 триумф”, кој се истакнал во операцијата “Воздушно- космичка сила” во Сирија, покривајќи ја целата територија на земјата, со што се направила “зона забранета за летови”.
S-500 може да препознае цели на висина и до 50 километри, како и при најмали висини од 50 до 100метри.
S-500 може да открие и истовремено да гаѓа до десет балистички цели, како и да гаѓа боеви глави на надвоздушни проектили.
A.Г.