Во присуство на Неговото Преосвештенство Епископот Велички Господин НИКОЛА и свештени лица кои се во служба на Преспанско-Пелагониската епархија, вчера во населеното место Долно Српци, општина Могила се изврши осветување на Свет крст.
За осветлувањето на Крстот, изградба на пристапни патеки и осветлувањето на патот до Крстот одвоени се средства од Буџетот на Општина Могилa, а најголема заслуга има месното население и црковниот одбор од село Долно Српци.
Нека е за многу години и за навек!