Нека е аирлија, со токмак в рака започна реконструкцијата на патот Прилеп-Битола? (Фото)

Регионалниот пат Прилеп-Битола веќе со години е во катастрофална состојба.

Прилепчани и битолчани се гневни на сите власти, затоа што нивните градови се оставени како слепи црева во државата.

Наместо да се зафатат со доизградба на експресниот пат Прилеп-Градско и реконструкција на патот Прилеп-Битола, актуелната власт минатата година изврши реконструкција на стариот, или полскиот пат до Битола.

Наш читател денеска ни испрати фотографии од клучката кај Прилеп, на кои се гледа како се врши санација на местата, каде народски кажано асфалтот е “изрипан”.

Со токмаци се санираат дефектите на патот, а не е познато дали се работи за екипа на “Maкедонија пат”, или екипа од комуналните прилепски претпријатија.

Нека овие фотографии послужат како уште еден апел до властите да се фатат со работа, затоа што во ваква состојба патот е честа причина и за голем број cooбpaќајни нecpeќи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.