“Нека дојдат и да возат по вакви улици, а не само кога има избори” (Видео)

“Со овие снимки ја поздравувам општина Долнени да дојдат да прошетаат со нивните автомобили, а не да доаѓаат само кога ќе има избори”, вели жител на населеното место Десово во општина Долнени.

Според видеото беше испратено до нашата редакција, улиците во ова населено место кое е едно од поголемите во општината, се наоѓаат во катастрофална состојба, а жителите секојдневно се соочуваат со овој горлив проблем.

Градоначалник на оваа општина е кадар на ДУИ.

Испраќајте видеа и фотографии од вашите населени места и вашите улици, а ние ќе ги објавиме со надеж и желба надлежните да ги видат проблемите, а граѓаните да добијат пристојни услови за живот и да ги зачуваат своите автомобили.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.