Неисправна водата за пиење од чешмите во: Лагово, Волково, Прилепец, Алинци, Канатларци, Ерековци….

Водата не е здравствено исправна за пиење во населените места од јавните чешми во: Прилепец, Чумово, Мало Рувци, Ѓумушица како и од локалниот водовод на селата: Старо Лагово, Волково, Алинци, Веселчани, Загорани, Тројкрсти, Чепигово, село Ерековци и Канатларци, информираа од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Водата од овие чешми според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

Од Центарот, вршат редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.