Денеска во Битола се одржа Државното ридско првенство на Македонија во организација на Велосипедскиот клуб “Пелистер 15 Maj”.
Учествуваа 12 клубови со над 70 велосипедисти во сите категории: У13, У15, кадети, јуниори, У23, сениори, мастерс и жени.
Патеката се простираше од хотелот Капри до ски центарот Нижеполе – во должина од 12км.
Велосипедистите од В.К клуб & Сервис “ИЛИНДЕН” од Прилеп како и на секое друго натпреварување, и денеска забележа блескави резултати.
Константин Костоски го освои Првото место во категорија до 15 години, како и Стефан Маџоски кој беше најдобар во конкуренција до 13 години.
Андреј Маџоски стигна до второто место во кадети, а Никола Ристески во истата категорија беше трет.
Одличен беше и Младен Петрески кој го освои третото место во категорија до 15 години.
Тренерот на клубот Драган Димитријоски е презадоволен од остварените резултати и ветува уште поголеми достигнувања во иднина.