Недоразбирање ги скара Тереза Меј и Јункер: “Me нарековте небулозна” (ВИДЕО)

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, жестоко ја критикувал британската премиерка Тереза Меј на вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел.

Тие двајцата биле снимени во жестока расправија, а Јункер наводно и рекол дека целосно е “небулозно” она што Велика Британија го бара од ЕУ.

“Сакаме да знаеме што бараат нашите британски пријатели од нас. Се наоѓаме во дебата која е понекогаш небулозна и непрецизна”, рекол Јункер.

Таа изјава на Јункер ја изнервирала британската премиерка која не разбрала добро што рекол тој.

“Како ме нарековте? Me нарековте небулозна”, рекла Меј разлутена.

Иако на видеото објавено на Твитер не се слушаат нивните зборови, експертите успеале да ги пренесат преку читање на усни.

Јункер и рекол дека не мислел така, а таа инсистирала: “Да, рековте!”. Потоа продолжиле да се расправаат, а Јункер се обидел да ја смири.

Тереза Меј подоцна на новинарите им рекла дека имале остра расправа, но рекла дека она што имала да го каже било “кристално јасно”. Таа додала дека Јункер го искористил изразот “небулозно” мислејќи на дебатата за Брегзитот, а не за нејзе лично, нешто што подоцна и објаснил.

Меј во Брисел се обидува од лидерите на ЕУ да добие дополнителни уверувања за својот договор за Брегзит да може да го протурка во британскиот парламент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.